На денешниот меч од првата квалификациска рунда за Аустралијан Опен, домашниот тенисер, Бернард Томиќ, загуби со 0-2 (6-1, 6-4) од Русинот Роман Саифулин.
Томиќ, веднаш после натпреварот, ги покажа своите фрустрации во разговор со судијата, кој гласеше:
,,Сигурен сум дека во наредните два дена ќе бидам позитивен. Ти кажувам. Ти должам вечера ако излезам позитивен за три дена. Во спротивно, ми должиш ти. Не верувам: никој не прави ПЦР тест. Им дозволуваат на играчите да излезат на теренот со направен брз тест во нивните соби. Нема никаков официјален ПЦР тест.”