
Еден од најголемите фаворити за освојување на Африканскиот куп на нации, Египет, го загуби првиот меч од континенталниот собир.
Имено, Египќаните, во вториот денешен термин, загубија со 1-0 од Нигерија, која, исто така, цели кон шампионската круна.
Двете екипи се составени од квалитетни фудбалери, кои претежно играат ширум најквалитетните европски натпреварувања.
Единствениот погодок на натпреварот беше ремек-делото на членот на англиски Лестер, Келечи Ихеаначо, во триесеттата минута.
Двете екипи пружија изедначен дуел со многу тврда игра, проследена со само неколку поквалитетни шанси.
Од групата Д, освен Нигерија и Египет, се натпреваруваат уште Судан и Гвинеја Бисау, кои ќе ги одмерат силите во 20.00 часот.




