
Првиот меч без голови од тековното 33. издание на Африканскиот куп на нации го одиграа екипите на Алжир и на Сиера Леоне.
Алжир влезе во натпреварот како фаворит и успеа да креира бројни шанси за да го започне походот кон одбрана на титулата со три поени.
Сепак, на голот на Сиера Леоне стоеше одличниот Мохамед Камара, кој, во неколку наврати, реагираше фантастично, дури и надвор од шеснаесетникот.
Номиналните гости на овој дуел, иако важеа за аутсајдери, покажаа опасна игра, особено во обидите од контранапад.
Во групата Е, освен двете наведени селекции, членуваат уште Екваторијална Гвинеја и Брегот на слоновата коска, кои ќе се соочат утре во 20.00 часот.




