Во дербито на претпоследното коло од тековната НФЛ сезона се соочија Грин Беј Пекерс и Тенеси Титанс во првиот меѓусебен дуел после 2018.
Накрај, ,,Титаните” не успеаја да се справат со зимскиот амбиент во Висконсин, така што, Пекерс триумфираа со 40-14.
Натпреварот беше сочинет од три серии, односно Грин Беј двапати сврзи по три, а Тенеси еднаш по два тачдауни.
Од домашниот состав, хет-трик постигна Даванте Адамс, двапати беше успешен Еј Џеј Дилон и еднаш – Еквинејмиус Ст. Браун. Адамс (11 фаќања за 142 јарди) и Дилон (21 трчање за 124 јарди) покажаа неверојатни перформанси, заедно со квотербекот Арон Роџерс, кој освои 231 јард со додавање од 21/25 обиди и уфрли четири тачдауни со еден пресечен пас.
Со новите 11 фаќања, Адамс и Роџерс станаа дуото со најмногу комплетирани додавања во историјата на Пекерс (489).
Квотербекот на Титанс, Рајан Тенехил, постигна еден тачдаун со трчање и еден со додавање кон Џону Смит, притоа уфрлувајќи и две пресечени додавања. Накрај, освои 121 јард со пасови од 11/24 обиди.
Со овој триумф, Пекерс (12-3) го задржаа првото место во НФК, додека Тенеси падна на 10-5, но сè уште има изгледни шанси за плејоф.
Во соработка со НФЛ Македонија