За првпат после 2018, шампионот на Алстер, Тироун, се пласираше во финалето на Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип.
Претставниците на Северна Ирска, во полуфиналето на најпрестижното натпреварување, ги поразија финалистите од 2019, Кери, со (0-22) 22-23 (3-14) после продолжение.
Нивниот меч беше неизвесен од почеток до крај, со тоа што Тироун водеше со (0-9) 9-10 (1-7) на полувреме,а после регуларниот дел, резултатот гласеше (0-17) 17-17 (2-11).
Од победничкиот состав, стрелци на головите, а воедно и најефикасни фудбалери беа Конор МекКена (2-0) и Кетал МекШејн (1-3).
На спротивната страна, Дејвид Клифорд (0-9) и Шон О’Шеј (0-7) беа поентерски најрасположени со убедливо најголем придонес во играта на својот тим.
Во големото финале, закажано за 11 септември, Тироун ќе се соочи со актуелниот вицешампион – Мејо.