
Откако врзаа три меѓусебни натпревари, кои завршија со 1-1, Дерби Каунти и Нотингем Форест додадоа уште еден дуел во оваа низа.
Имено, во петтото коло од тековната Чемпионшип сезона, ривалите од Источен Мидлендс ремизираа со 1-1 на ,,Прајд Парк” во Дерби.
Најпрво, Дерби поведе во 11. минута, откако Том Лоренс одлично ја искористи конфузноста на противничката одбрана.
Во вториот дел, Нотингем ја презеде иницијативата и израмни со дебитантскиот гол на Бренан Џонсон (82′) во црвениот дрес.
Сепак, навивачите на Дерби не беа задоволни со исходот, поради фактот дека на нивните миленици не им беа досудени два чисти пенали, од кој едниот беше во судиското продолжение.
За Форест, ова беше прв бод во сезоната што ги оттгрна од дното, додека Дерби ја зазема дванаесеттата позиција на табелата.