
За првпат во 2021, Чикаго Кабс ги поразија Чикаго Вајт Сокс во седмото овосезонско градско дерби.
Имено, синоќа, на ,,Гарантид Рејт Филд”, Кабс ги надиграа своите ривали со резултат од 0-7.
,,Младенчињата” постигнаа пет од седумте поени во четвртиот ининг, притоа поентирајќи уште по еднаш во вториот и во петтиот период.
Од поентерите, Патрик Висдом постигна два хоум-рани, а Мет Дафи, Џејсон Хејвард, Робинсон Чиринос и Серхио Алкантара освоија по четири бази.
Со овој триумф, Кабс (57-74) ја заземаат единаесеттата позиција во Националната лига, додека Вајт Сокс (75-56) се четврти во другата конференција.



