
На патеката Муџело во Тоскана, Италија, беше одржана шестата овосезонска трка во Мото 2 категоријата.
Истата помина во знакот на две битки, кои накрај ги одлучија најважните позиции.
Откако водеше сè до последниот круг, Раул Фернандез заврши на второто место со само 0,014 секунди заостаток во однос на победникот.
Имено, до првиот триумф во 2021 дојде неговиот клупски колега, Реми Гарднер, кој остана на првото место во генералниот пласман.
На шест кругови пред крајот, Сем Лоус ја направи ,,посиромашна” битката за победа, откако излета додека беше второпласиран.
Во продолжение, до најниското место на подиумот стигна Џоу Робертс, кој беше побрз од четвртиот Марко Беѕеки за само 0,017 секунди во текот на трката.
Сепак, поради минимална грешка, на Американецот му беше одземена една позиција што значеше дека Беѕеки избори пиедестал.
Во продолжение, пласман во првите десет изборија уште: Марсел Шротер, Аи Огура, Тони Арболино, Камерон Бобие, Хафиж Сјарин и Стефано Манци.
И покрај сите возбудувања, никој нема да го памети овој викенд по добро, поради смртта на 19-годишниот Џејсон Дупаские, кој им подлегна на повредите добиени на вчерашните квалификации.



