
Шестиот натпреварувачки викенд од тековната сезона во Мото 3 категоријата се одвиваше на патеката Муџело во Тоскана, Италија.
Имено, на шестата трка, до втората победа во кариерата дојде домашниот возач – Денис Фоџа.
Со велосипедски термин, пелотонот, односно водечката главна група, беше составена од дури десет мотоциклисти, кои се бореа до самиот крај и беа пласирани во интервал од само една секунда.
Како второпласиран, трката ја заврши Шпанецот Хауме Масија, а за првпат на подиумот после 2018 се искачи Габриел Родриго.
Во продолжение, во топ 10 се пласираа уште: Ајуму Сасаки, Дерин Биндер, Романо Фенати, Џон МекФи, Педро Акоста, Серхио Гарсија и Татсуки Сузуки.
Целата магија на трката беше насочена кон 19-годишниот Џејсон Дупаские, кој им подлегна на повредите здобиени по вчерашниот стравотен инцидент.



