Во синоќешниот ,,Ол-Стар” натпревар во НБА лигата, тимот на ЛеБрон Џејмс го прегази тимот на Кевин Дурент со убедливи 170-150.
Поразениот состав пружеше отпор во првите две четвртини, а во второто полувреме, победниците константно имаа резултатска позитива.
Како МВП на мечот беше избран најефикасниот кошаркар, Јанис Антетокумбо, кој заби 37 поени од 16/16 шутеви од игра.
Од неговите соиграчи, најпрецизни беа Дамиен Лилард (32) и Стеф Кари (28).
Што се однесува до поразениот табор, Бредли Бил уфрли 26 поени, а Кајри Ирвинг беше единствен со дабл-дабл учинок од 24 кошеви и од 12 асистенции.
На оваа пресметка беа присутни и тројца кошаркари од просторите на поранешна Југославија – Лука Дончиќ (8 поени), Никола Јокиќ (6 поени) и Никола Вучевиќ (5 поени).
📸 Joe Murphy/NBAE via Getty Images



