Во текот на изминатиот викенд, на програмата на ПГА Тур беше турнирот Арнолд Палмер Инвитејшонал.
Станува збор за турнир на кој учествуваат најдобрите голфери одредени според различни критериуми и кој е одржан на приватен ресорт во Флорида, во поранешна сопственост на легендарниот покоен голфер – Арнолд Палмер.
После првите два дена, на првото место се наоѓаше Кори Конер, но Канаѓанецот, во саботата, му го предаде приматот на Ли Вествуд.
Вествуд, во текот на последниот ден, играше рамо до рамо со Брајсон ДеШамбо, кој накрај, со последната топка, ја запиша својата осма ПГА победа во кариерата.
Американецот имаше вкупен учинок од (-11), наспроти (-10) на Вествуд, кој погреши на претпоследната дупка.
Конерс, со (-8), се пласираше на третото место, а четвртото го поделија Ендру Патнам, Џордан Спит и Ричи Веренски со по (-6) освоени поени.
📸 Sam Greenwood/Getty Images



