Екипата на Сан Диего Падрес синоќа успеа да ја прекине својата ,,црна” серија од пет врзани порази со победата од 4-14 над Тексас Ренџерс. За Ренџерс, ова беше втор последователен пораз, откако пред два дена загубија со 10-6 од Колорадо Рокис.
На синоќешниот меч, клучни ининзи за Падрес беа вториот, седмиот и осмиот во коишто постигнаа вкупно дванаесет поени. Најефикасен играч беше Фернандо Татис Џуниор (Сан Диего Падрес), кој постигна два хоум-рани вредни три и четири поени што претставуваа негови десетти и единаесетти во оваа сезона. Освен Татис, хоум-ран за Падрес постигна и Остин Хеџес.