Колумбус Блу Џекетс и Тампа Беј Лајтнинг ги одмерија своите сили во првиот синоќешен натпревар во рамките на осмина-финалето од тековната НХЛ сезона.
За нив, ова беше третиот натпревар од меѓусебната серија што му донесе вкупна предност од 2-1 на тимот од Флорида. Имено, Тампа Беј славеше со 1-2 на последниот натпревар.
Головите за Лајтнинг ги постигнаа Беркли Гудроу и Јани Гурд во првите четири минути од втората третина. За Гудроу, ова беше прв погодок во дресот на Тампа Беј, откако на 24 февруари пристигна од редовите на Сан Хозе Шаркс.
За Колумбус, во петтата минута од вториот дел т.е. само неполна минута по голот на Гурд, прецизно стрелаше Кем Еткинсон.



