Првопласираната екипа на Истокот, Милвоки Бакс, ја започна својата плејоф авантура со пораз од осмопласираните Орландо Меџик.
Во првиот натпревар од меѓусебната осмина-финална серија Орландо беше подобар со 110-122, притоа имајќи резултатска контрола речиси преку цел натпревар.
Најефикасен играч на мечот беше Црногорецот Никола Вучевиќ (Орландо) со триесет и пет поени, четиринаесет скокови и четири асистенции.
Кај Бакс, Јанис Антетокумбо забележа триесет и еден поен, седумнаесет скокови и седум асистенции.



