Втор викенд во низа, биатлонците од Светскиот куп се натпреваруваа во германскиот Оберхоф, каде што, денес се одвиваа трките со масовен старт.
Во машка конкуренција, Тарјеи Бо ги натскија конкурентите и дојде до победата, без разлика што промаши еднаш при стрелањето.
Изненадувачки, до првиот индивидуален подиум во кариерата стигна Австриецот Феликс Лајтнер (+3,6), кој заврши пред Бенџамин Вегер (7,8).
Во топ 5 се пласираа уште Лукас Хофер (+12,5) и Симон Едер (+12,7).
Кај дамите, после лудото четврто стрелање, до втората победа во кариерата дојде Жулија Симон (40:11,1), пред Франциска Пројс (+3,9) и Хана Оберг (+11,7).
Ингрид Ландмарк Тандерволд (+13,0) и Мона Брорсон (+14,9) се пласираа во првите пет, а водечката после третото стрелање, Доротеа Вирер, заврши на шестото место (+28,8).
📸 IBU World Cup



