По серијата од пет порази, Трактор Чељабинск успеа да поврза две победи по ред, откако пред два дена го надигра Витјаз, а денес го декласира Локомотив Јарослављ.
Имено, хокеарите од Чељабинск денес ги совладаа западните ривали со убедливи 4-0.
Домаќините погодија двапати во првата и по еднаш во втората и во третата третина. Стрелци на головите беа Вјачеслав Основин, Томаш Хика, Лоренс Пилут и Данил Илјин.
Голманот Роман Вил беше стопроцентен на голот на Трактор со одбранети 23 удари кон неговиот гол.
Со овој триумф, Трактор ја презеде шестата позиција на Истокот, додека Локомотив и покрај поразот, останува на третото место на Западот.
📸 Livesport.ru



