
Во првиот меч од финалната серија на финската хокеарска Лиига, Тапара славеше над Пеликанс со 5-1.
На стартот на втората третина, резултатот гласеше 1-1, откако за домаќините стрелаше Кристијан Танус, а за гостите – Топијас Вилен.
Сепак, клучната серија на претставниците на Тампере дојде во финишот на вториот дел, кога во интервал од три минути постигнаа три гола.
До крајот, мрежата на ,,Пеликаните” ја затресоа уште Вели-Мати Савинаинен, Вели-Мати Витасмаки, Антон Левчи и Ото Раухала.