
После воведниот пораз, Едмонтон Оилерс ја израмнија осминафиналната серија против ЛА Кингс на 1-1, добивајќи го вториот дуел со 4-2.
На натпреварот, домаќините постигнаа по два гола во непарните третини, додека гостите дојдоа до провизорно реми со двата погодоци во вториот период.
За Кингс, во листата на стрелците се запишаа Филип Дано и Габриел Виларди во интервал од пет минути.
На спротивната страна, прецизно реализираа Дерек Рајан, Леон Драисаитл, Клим Костин и Евандер Кејн.