
Во вториот дуел од меѓусебната финална серија на КХЛ, ЦСКА Москва го совлада АК Барс Казањ со 0-3 и израмни на вкупни 1-1.
На мечот, гостите постигнаа по еден гол во секоја третина, а стрелци беа Владислав Каменев, Јарослав Дибленко и Михаил Григоренко.
За голманот на победничкиот состав, Адам Рајдеборн, ова беше петти шут-аут во тековниот плејоф со 29/29 одбрани.
Третиот меѓусебен натпревар е закажан за два дена, а истиот ќе се одигра во руската престолнина.