
Тапара Тампере е старо-новиот шампион на финската хокеарска Лиига, одбранувајќи ја титулата од минатата сезона.
Во овогодинешното финале, победничкиот состав беше подобар од Пеликанс со 4-1, при што го доби петтиот дуел со 5-4 после продолжение.
Домаќините поведоа со 3-0 веќе во осмата минута, кога прецизни беа Антон Левчи, Кристијан Танус и Касимир Јургенс.
Заклучно со стартот на третата третина, ,,Пеликаните” направија целосен пресврт, благодарение на Топијас Вилен, на Бен Блуд, на Иика Кангасниеми и на Аату Јамсен.
Сепак, во последната секунда од регуларниот дел, Вели-Мати Савинаинен погоди за продолжение, а круната на клубот од Тампере му ја донесе Маркус Давидсон после девет дополнителни минути.
На патот до финалето, Тапара ги порази КооКоо (4-0) и ИФК Хелсинки (4-1), додека Пеликанс ги елиминираа КалПа (4-3) и Илвес (4-2).