
ЦСКА Москва ја пропушти и втората ,,меч-топка”, овој пат на домашен терен и го доведе финалето до одлучувачка ,,мајсторка”.
Имено и покрај негативата од вкупни 3-1, АК Барс Казањ успеа да израмни на 3-3, откако го доби шестиот дуел со 0-3.
Гостите постигнаа по еден гол во секоја третина, а во листата на стрелците се запишаа Артјом Галимов, Вадим Шипачјов и Никита Динјак.
Голманот на победничкиот состав, Тимур Билјалов, ги одбрани сите дваесет и седум противнички шутеви за вториот шут-аут во тековниот плејоф.