
Њу Џерси Девилс направија целосен пресврт против Њујорк Ренџерс и поведоа со вкупни 3-2 во осминафиналето на НХЛ.
Во петтиот натпревар од меѓусебната серија, Девилс, на домашен терен, триумфираа со 4-0.
Домаќините постигнаа по еден гол во непарните третини и два гола во вториот дел, а во листата на стрелците влегоа Ерик Хаула (х2), Ондреј Палат и Досон Мерсер.
Голманот на победничкиот состав, Акира Шмид, го освои првиот шут-аут во тековниот плејоф со 23/23 одбрани.