
Со синоќешната победа од 1-2, Минесота Вајлд дојдоа до шестиот последователен триумф над Ванкувер Кенакс.
На натпреварот, гостите беа подобар ривал и заслужено славеа со двата гола на Кирил Капризов во првата и во втората третина.
На овој начин, Русинот дојде до бројка од триесет и девет погодоци во сезоната, доволно за четвртото место во листата на стрелците, доколку се исклучат асистенциите.
На спротивната страна, единствен што успеа да го совлада голманот Марк-Андре Флури (95,45%) беше Брок Бесер во финишот на првиот дел.
На табелата на Западната конференција, Минесота се наоѓа на четвртата позиција, додека Ванкувер го зазема дванаесеттото место.