
Тапара е првиот овосезонски финалист на финската хокеарска Лиига, откако го елиминира во полуфиналето ИФК Хелсинки со вкупни 4-1.
Во петтиот дуел, претставниците на Тампере го искористија домашниот терен и триумфираа со резултат од 2-1.
Стрелци за победничката екипа беа Петери Пухака во првата и Валтери Мерела на стартот на втората третина.
Од друга страна, последниот гол во првенството за ИФК беше дело на Алексантери Каскимаки.
Во финалето, Тапара ќе ги одмери силите со победникот од дуелот помеѓу Илвес и Пеликанс.