Екипата на Еурофарм Пелистер одигра три натпревари во шест дена, два во Сеха лигата против Татран Прешов и еден во плеј-офот од Суперлигата против Бутел. На сите три натпревари оствари убедливи победи.
Убедливо прво име во нападот на тимот од Битола беше десното крило Ненад Костески кој даде вкупно 29 гола на три меча во шест дена. На секој од овие три натпревари токму Костески беше најефикасен во својот тим. Браво за стружанецот кој игра во фантастична форма.