
ЦСКА Москва стигна до првата ,,меч-топка” во полуфиналето на КХЛ, откако поведе со вкупни 3-2 против СКА.
Имено, на петтиот натпревар, одигран во Ст. Петербург, ЦСКА дојде со убедлива победа со резултат од 3-7.
После осум минути игра, СКА веќе водеше со 2-0, откако прецизно стрелаа Александер Никишин и Емил Галимов, а до крајот, на провизорни 3-5 намали Александер Волков.
На спротивната страна, во листата на стрелците се запишаа: Андреј Светлаков, Михаил Григоренко (х3), Константин Окулов и Максим Мамин (х2).