
Вчера, екипата на Тапара Тампере го одигра првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони и го совлада швајцарскиот Цуг со 2-0.
Денес, финскиот состав одигра уште едно дерби од Лиига и запиша нова победа од минимални 1-0 против Пеликанс.
На овој меч, до четвртиот шут-аут во сезоната дојде Вилхо Хеикинен, кој ги одбрани сите шеснаесет противнички шутеви.
Од неговите соиграчи, во листата на стрелците се запиша само Јори Лехтера на десет минути пред крајот.
Со новите три бода, Тапара остана на второто место на табелата, притоа оставајќи ги Пеликанс на третата позиција.