
Во дербито на денот на КХЛ, АК Барс Казањ му нанесоа пораз на Авангард Омск од 1-2.
За ,,Зелените”, ова беше петти триумф во низа, односно четврт од стартот на календарската 2023 година.
На мечот, гостите поведоа уште во првата минута преку Дмитри Воронков, но само три минути подоцна, Арсени Грицјук израмни на 1-1.
До крајот, претставниците на Казањ пружија подобра игра и заслужено дојдоа до победа во третата третина, благодарение на Илја Сафонов.
Во Источната конференција, Авангард го зазема третото место, додека АК Барс скокна на шестата позиција.