Македонската репрезентативка Симона Маџовска (ех Стојковска) беше една од подобрите ракометарки во важната победа на нејзиниот тим во Бундеслигата.
Маџовска постигна 3 голови, имаше и 3 асистенции со стандардно добра игра во одбраната, во победата на Цвикау над Метзинген со 26:25 откако во првиот дел губеше со 14:17. Со оваа победа Цвикау ја продолжува битката за опстанок во Бундеслигата.