Екипата на Тампа Беј Рејс успеа да се пласира во своето второ историско финале во МЛБ, прво после 2008, каде што ќе се бори за првата титула против победникот од ЛА Доџерс и Атланта Брејвс.
,,Ражите” синоќа ја добија ,,мајсторката” против Хјустон Астрос со резултат од 4-2, иако претходно прокоцкаа убедлива предност од вкупни 3-0.
Во седмата средба, Рејс поентираа во првиот, во вториот и во шестиот ининг, а хоум-ран постигнаа Ренди Арозарена и Мајк Зунино.
За Арозарена, ова е седми хоум-ран во плејофот со којшто стана рекордер како дебитант со најмногу плејоф хоум-рани.
Единствените два поени на Астрос беа со освоени бази во осмиот ининг.



