Бледислоу Куп е натпреварување што го сочинуваат рагби репрезентациите на Австралија и на Нов Зеланд.
Оваа година, првиот нивен меч заврши со 16-16, а денес беше одигран вториот, во којшто Нов Зеланд триумфираше убедливо.
Имено, ,,Ол Блекс”, на ,,Еден Парк” во Оукленд, ги прегазија своите ривали со 27-7.
Домаќините направија почетна серија од 10-0, со есејот на Арон Смит, придружен со конверзија и пенал на Ричи Мо’унга.
Пред паузата, возвратија и ,,Волабис” со единствените поени на мечот преку полниот есеј на Марика Короибете и на Џејмс О’Конор.
Второто полувреме целосно им припадна на Нов Зеланд, кои постигнаа седумнаесет, а примија нула поени.
Поентери преку есеј беа Џорди Берет, Арди Савеа и Сем Кејн, а Мо’унга додаде уште една конверзија.



