ЛА Доџерс успеаја да се вратат по дефицитот од 3-1 и со синоќешната победа израмнија на 3-3 во полуфиналната серија против Атланта Брејвс.
Претставниците на Лос Анџелес, синоќа ги добија своите ривали со 3-1.
Од играчите на Доџерс, по еден хоум-ран забележаа Кори Сигер и Џастин Тарнер при што, сите нивни поени паднаа во првиот ининг.
Од друга страна, единствениот поен на Брејвс беше во седмата деветина со освоени бази.
,,Мајсторката” ќе биде одиграна вечерва во 02:15 часот, а победникот, во финалето, ќе игра против Тампа Беј Рејс.



