Тампа Беј Лајтнинг се првите полуфиналисти во овогодинешната НХЛ сезона, откако, со вкупни 4-1, ги елиминираа вицешампионите Бостон Бруинс.
Во последниот меч, Лајтнинг славеа со 3-2 после продолжение, кое траеше триесет и четири минути.
Во регуларниот дел, двете екипи постигнаа по еден гол во втората и во третата третина. За Лајтнинг погодија Ондреј Палат и Ентони Сирели, а за Бруинс прецизни беа Давид Пастрнак и Давид Крејчи.
Победата на Лајтнинг им ја донесе Виктор Хедман во продолжението.