Во првиот натпревар од серијата помеѓу Њујорк Јенкис и Тампа Беј Рејс, како победник излезе тимот од Флорида.
Имено, Тампа Беј славеше со 3-5, запишувајќи ја шестата врзана победа, притоа прекинувајќи ја серијата од три триумфи на протовникот.
До шестиот ининг, Рејс стекнаа капитална предност од 0-5 што Јенкис успеаја само да ја намалат во седмиот и осмиот ининг.
На натпреварот, двете екипи постигнаа по два хоум-рани и тоа Џио Уршела и Лук Воит за Јенкис, односно Џи-Ман Чои и Кевин Кирмаер за Рејс.
На табелата на Источната дивизија на Американската лига, Тампа Беј ја зазема првата позиција (25-11), а Јенкис – втората (19-14).