Тампа Беј Лајтнинг ја спасија првата ,,меч-топка” на Колорадо Аваланш, откако во петтиот дуел од финалето на НХЛ ги совладаа со 2-3 и намалија на вкупни 3-2.
Головите на мечот паѓаа по наизменичен редослед со тоа што гостите од Флорида поведуваа трипати, а домаќините успеаја само да израмнат во два наврати и покрај подобрата игра во нападот.
За Колорадо, во листата на стрелците се запишаа Валери Ничушкин и Кејл Макар.
На спротивната страна, голманот Дарси Кемпер го ,,матираа” Јан Рута, Никита Кучеров и Ондреј Палат.
Шестиот дуел од финалната серија е закажан за два дена во ,,Амали Арена” во Тампа.