Во дербито на Американската лига, Хјустон Астрос ги поразија Њујорк Јенкис со 1-3 на гостински терен.
И покрај поразот, Јенкис (52-19) останаа на лидерската позиција на табелата, додека Астрос (44-26) се наоѓаат на второто место.
Сите поени на натпреварот паднаа експресно брзо, односно беа постигнати во шестиот ининг.
Најпрво, гостите од Тексас поведоа со 0-3 со хоум-ранот на Кајл Такер, додека на базите беа Алекс Брегман и Јордан Алварез.
Веднаш потоа, почесен хоум-ран за Јенкис запиша Џанкарло Стентон, кој воедно беше негов шеснаесетти во сезоната.