петок, август 12, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

ОФИЦИЈАЛНО: Вејн Руни замина од Дерби Каунти

Епов Насе ✏️ Епов Насе
јуни 24, 2022
📁 Спорт, Фудбал
📸 Twitter: @ dcfcofficial

Пред почетокот на минатата сезона, Дерби Каунти се најде во сериозни финансиски проблеми и замина во стечај поради долговите од претходниот сопственик – Мел Морис.

Целата ситуација резултираше со трансфер-ембарго и со казна од 21 поен што беше доволно за ,,Овните” да отпаднат во третата лига после 1986.

Сепак, Дерби ,,скапо ја продаде својата кожа” и се бореше за опстанок во Чемпионшип со сите сили под водство на Вејн Руни, кому ова му беше прв тренерски ангажман.

И покрај релегацијата, Руни изјави дека ќе остане на кормилото на Дерби, но денес неочекувано ја промени својата одлука и реши да замине.

Во неговиот официјален исказ стоеше:

,,Во текот на летото, внимателно ги следев случувањата во врска со сопствеништвото на Дерби Каунти. Денес се сретнав со надлежните за да им ја соопштам мојата одлука дека време е да го напуштам клубот. Тие дадоа сè од себе за да ме предомислат, но јас веќе одлучив.”

,,Мојот престој во Дерби беше како рингишпил на емоции, добри и лоши, но мора да признаам дека уживав во предизвикот. Лично, мислам дека клубот треба да биде предводен од некој со свежа енергија, кој не бил под влијание на случувањата од претходните осумнаесет месеци. Со голема гордост и чест ќе се сеќавам на мојот престој во Дерби и би сакал да им се заблагодарам на стручниот штаб, на играчите и секако на навивачите за нивната неизмерна поддршка.”

,,За крај, знам дека клубот сè уште е мета на некои луѓе, кои сакаат да го преземат неговото раководство. Ним би им кажал дека Дерби Каунти е огромен клуб со богата историја и со одлични навивачи. Му посакувам сè најдобро на клубот и многу успеси во иднина.”

Засега, Дерби е сè уште под стечај и иако нема сопственик, надежта дека ќе се најде вистинската личност е присутна помеѓу верните фанови.

Thank you, Wayne 🖤🤍#DCFC pic.twitter.com/oDNMv167K0

— Derby County (@dcfcofficial) June 24, 2022
Tags: англијаДерби КаунтиЛиг 1РуниФудбал
ShareTweet
Претходна вест

Ротерам остана без најдобрите стрелци, но брзо пронајде замени

Следна вест

(ВИДЕО) Тампа Беј ја спаси првата ,,меч-топка” на Колорадо

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

(ВИДЕО) Сеинтс се оддалечија од борбата за плејоф со поразот од Бризбејн
Останато

(ВИДЕО) Сеинтс се оддалечија од борбата за плејоф со поразот од Бризбејн

✏️ Епов Насе
12/Авг/2022
Неправда или регуларен формат? Што се случува со шкотските лиги?
Спорт

Неправда или регуларен формат? Што се случува со шкотските лиги?

✏️ Епов Насе
12/Авг/2022
(ВИДЕО) Мајами ја прекина победничката низа на Филаделфија
Останато

(ВИДЕО) Мајами ја прекина победничката низа на Филаделфија

✏️ Епов Насе
12/Авг/2022
Македонија со висока победа и против домаќинот се загреа за полуфинале
Ракомет

Македонија со висока победа и против домаќинот се загреа за полуфинале

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Авг/2022
Следна вест
(ВИДЕО) Тампа Беј ја спаси првата ,,меч-топка” на Колорадо

(ВИДЕО) Тампа Беј ја спаси првата ,,меч-топка" на Колорадо

Последно

(ВИДЕО) Сеинтс се оддалечија од борбата за плејоф со поразот од Бризбејн

Неправда или регуларен формат? Што се случува со шкотските лиги?

(ВИДЕО) Мајами ја прекина победничката низа на Филаделфија

Македонија со висока победа и против домаќинот се загреа за полуфинале

(ВИДЕО) Мелбурн избори плејоф со убедливата партија против Пенрит

(ВИДЕО) Метс и Синсинати се ,,распукаа” во првите шест ининзи

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.