
Актуелните шампиони, Тампа Беј Лајтнинг, синоќа ги поразија Њујорк Ајландерс со 4-2 и на тој начин ја израмнија полуфиналната серија на 1-1.
После првата третина, резултатот гласеше 1-1, откако за Лајтнинг погоди Брејден Поинт, а за Ајландерс – Брок Нелсон.
Во продолжение следуваше серија од 3-0 на Тампа за водство од 4-1.
Голгетери во текот на оваа низа на домаќините беа Ондреј Палат, Јан Рута и Виктор Хедман.
На три минути пред крајот на мечот, во листата на стрелците се запиша Метју Барзал, кој само го намали заостатокот на својот тим и го постави конечниот резултат.
Третиот дуел од оваа серија ќе се одигра вечерта помеѓу 17 и 18 јуни со почеток од 02.00 часот.



