
Тампа Беј Лајтнинг го искористија домашниот терен за да дојдат до втората полуфинална победа.
Имено, актуелните шампиони ја израмнија серијата против Њујорк Ренџерс на 2-2, откако синоќа ги совладаа со 4-1.
Заклучно со стартот на третата третина, Тампа водеше со 3-0, а прецизно стрелаа Патрик Марун, Никита Кучеров и Стивен Стамкос.
На три и пол минути пред крајот, Артеми Панарин намали на 3-1, а конечниот резултат го постави Ондреј Палат.
Солидна партија за домаќините имаше голманот Андреј Василевски со 34/35 одбранети шутеви (97,14%).