
На првата овосезонска меѓусебна компетитивна средба, Чикаго Вајт Сокс ги поразија ЛА Доџерс со резултат од 4-0.
За момците од Чикаго, ова беше трета победа во низа, додека шампионите од 2020 го врзаа третиот пораз.
На натпреварот, сите поени паднаа во шестиот ининг, кога со трчање поентираа Дени Мендик, Хозе Абреу, Еј Џеј Полок и Џејк Бургер.
Одличен за победничкиот состав беше стартниот фрлач, Мајкл Копеч, со осум освоени страјк-аути.
Во Американската лига, Вајт Сокс (26-27) се наоѓаат на седмото место, додека Доџерс (35-20) се втори во Националната конференција.




