Екипата на Торонто Блу Џејс ја оствари својата трета победа во низа, а воедно и трета последователна над денешниот ривал – Балтимор Ориолс.
Тимот од Канада, на последниот меч, успеа да слави со 2-5. Најпрво, во вториот ининг, Блу Џејс поведоа со 1-0. Веќе во четвртиот ининг, Балтимор успеа да поведе со 2-1, но предноста траеше кратко. До крајот, Торонто постигна уште четири поени лимитирајќи го противникот на нула и така ја запиша посакуваната победа.
Двата хоум-рани на овој дуел беа дело на играчот на Торонто – Рендал Гричак.
Со оваа победа, Торонто ,,скокна” на 10-11, но сè уште ја зазема четвртата позиција во Источната дивизија на Американската лига. Во истата дивизија, Балтимор се наоѓа на едно место погоре со учинок од 12-12.