Екипата на Јокерит се врати на ледената плоча за првпат после двонеделниот карантин и тоа со победа над Сибир Новосибирск од 5-2.
Во првата третина, Сибир поведе преку Виктор Комаров, а финскиот состав направи пресврт после минута и пол игра во вториот дел со двата брзи гола на Брајан О’Нил и на Давид Скленичка.
Сибир израмни на 2-2 преку Микаел Руохомаа на средината од натпреварот, а до крајот, Јокерит постигна уште три гола благодарение на Марко Антила, на Никлас Јенсен и на Џон Норман.
На неполни шест минути до крајот, напаѓачот на Јокерит, Вели-Мати Савинаинен, доби дисциплинска казна поради неспортски потег.



