Австријката Марита Крамер го освои првото издание на Силвестер Тур во рамките на Светскиот куп во ски скокови во женска конкуренција и го освои трофејот ,,Златен був”.
Крамер (519,4 поени) дојде до конечен триумф, откако на двете натпреварувања во Љубно, Словенија, ги освои второто и третото место.
Вчерашната победничка, Ника Крижнар (515,2), потфрли на денешното скокање, освојувајќи го петтото место, кое ја спушти на втората позиција во генералниот поредок на турнејата.
На наредните две места во вкупниот пласман завршија денешните две првопласирани скокачки – Сара Таканаши (513,0) и Урша Богатај (511,4).
На вториот натпреварувачки ден, во топ 10 завршија уште: Ема Клинец, Даниела Ирашко-Штолц, Ника Превц, Катарина Алтхаус, Јука Сето и Ева Пинкелних.



