Јапонецот Рјоју Кобајаши го зголеми своето водство во генералниот поредок на Новогодишната турнеја, откако славеше на второто натпреварување во Гармиш-Партенкирхен.
Кобајаши беше првопласиран и после првата серија што му овозможи победа со само 0,2 поени предност и преземање на жолтата маичка.
,,Несреќен”, со минимален заостаток, беше победникот на квалификациите, Маркус Ајзенбихлер, кој го зазеде второто место.
Најголемата сензација на денот ја приреди Словенецот Ловро Кос, кој со денешната трета позиција го освои првиот пиедестал во кариерата.
Мариус Линдвик и Јан Херл завршија во топ 5, а пласманот во првите десетмина го комплетираа Јукија Сато, Карл Гајгер, Халвор Егнер Гранеруд, Тими Зајц и Штефан Лаје.



