Екипата на Блекпул не знае за пораз на меѓусебните дуели против Хал Сити уште од 26 декември 2004, кога загуби со 0-2.
Имено, во дваесет и шестото коло од овосезонскиот Чемпионшип, ,,Мандарините” ги поразија ,,Тигрите” со 1-0 и останаа непоразени на последните единаесет меѓусебни пресметки.
Хал доминираше во поголемиот дел од натпреварот, но одличен на голот на домаќините беше Даниел Гримшоу, кој имаше неколку добри интервенции.
Од друга страна, единствен стрелец беше Гери Медин (31′) од пенал, запишувајќи го својот четврти погодок во сезоната.
На табелата, Блекпул изби на дванаесеттото место, додека Хал се наоѓа на деветнаесеттата позиција.



