
Триесет и четвртото коло од англискиот Чемпионшип го комплетираа Свонси и Ротерам Јунајтед, кои ремизираа со 1-1.
За двете екипи, ова беше вториот овосезонски дуел што заврши со ист резултат, по ремито во Англија во првото коло.
Во Велс, водство на ,,Лебедите” им донесе Џоел Пироу (42′) во финишот на првото полувреме, а за популарните ,,Милерс”, на стартот на вториот дел израмни Чиедози Огбене (52′).
На табелата, Ротерам остана на дваесеттото место, додека Свонси ја зазема петнаесеттата позиција.