
Актуелните шампиони, Колорадо Аваланш, фатија приклучок во битката за врвот на табелата на Западната конференција со шесте победи во низа.
Синоќа, Аваланш избија на четвртата позиција, совладувајќи ги лидерите Вегас Голден Најтс со 3-0 и доближувајќи им се на само три бода заостаток.
На мечот, домашниот голман, Александер Георгиев, дојде до четвртиот шут-аут во сезоната со 31/31 одбранет противнички шут.
Од неговите соиграчи, двоен стрелец беше Мико Рантанен, а еднаш, за поставување на конечниот резултат, биеше и Нејтан МекКинон.