
Во увертирата на единаесеттото коло од англискиот Чемпионшип, Свонси го совлада Хал Сити со резултат од 3-0.
За Велшаните, ова беше вкупно триесет и втор триумф над ,,Тигрите” во историјата и само трет во лигата во 2022/23.
На мечот, Свонси беше далеку подобар тим, кој освен головите, погоди и три пречки од солидни прилики.
Експресно водство од 2-0 на домаќините им донесоа Рајан Менинг (61′) и Лук Кандл (64′) во интервал од само три минути.
До крајот, мрежата на недоволно сигурниот Нејтан Бакстер ја затресе упте Џоу Пироу (85′).
Со петтиот пораз во низа, Хал падна на осумнаесеттата позиција, додека Свонси скокна на тринаесеттото место, но со натпревар повеќе во однос на конкурентите.