
Иако беше седмопласиран тим после регуларниот дел од сезоната, Саут Сиднеј Рабитохс успеа да избори пласман во полуфиналето на НРЛ.
Во четвртфиналната фаза, ,,Зајаците” славеа над второпласираните Кронула Шаркс на гостински терен со 12-38.
Клучна за Рабитохс беше серијата од 18-0 после првото полувреме, која беше надградена со дополнителни осумнаесет поени во вториот дел.
За ,,Ајкулите”, двете конверзии ги погоди Николас Хајнс, а по еден есеј постигнаа Бритон Никора (41′) и Роналдо Мулитало (55′).
На спротивната страна, Латрел Митчел имаше седум прецизни шутеви, а топката во противничката енд-зона ја внесоа Марк Николс (2′), Таане Милне (29′, 66′), Камерон Мареј (39′), Лахлан Илиас (45′) и Коди Вокер (61′).
Во полуфиналето, Саут Сиднеј ќе ги одмери силите со актуелните шампиони, Пенрит Пантерс, во репризата на финалето од 2021.