Започнаа подготовките на најдобрите македонски џудисти во категорија помлади пионери во Струга. Во периодот од 16 до 19 септември истите ќе престојуваат во Струга каде што ќе се тренира и темпира формата за престојното Балканско првенство за помлади пионери кое ќе се одржи од 24 до 25 септември во Пале Босна и Херцеговина.
Стручниот тим од страна на ЏФСМ за овие подготовки овие неколку денови треба да ја изврши и финалната селекција на репрезентативци кои ќе настапат на ова првенство и ќе ја претставуваат нашата држава.